Ќе го нема надоместокот од 200 денари за пристап на мрежа во сметките за струја за јануари

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски кажа дека надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари ќе го нема во сметките кои граѓаните ќе ги добијат во февруари, за да се зголеми доверабата меѓу граѓаните и ЕВН.

Надоместокот во сметките за струја е законски и не е згрешено што се плаќа. Но, бидејќи тој надоместок стапува на сила од 1 јануари, а книжењето на сметките е во меѓу период, имало сомнеж кај граѓаните дали смеат ЕВН да го наплаќаат ова во декемвриските сметки кои се испорачуваат во јануари и опфаќаат 15 дена од новиот месец.

„Во јануари граѓаните ги добиваат декемвриските сметки. Тие се правилно аплицирани од ЕВН, како што се одлуките за цени, така се аплицирани во самите сметки. Во сметките е аплициран и новиот надоместок за пристап кон мрежа, од 200 денари. Одржавме состанок со ЕВН и со цел да ги тргнеме сите сомневања, дека надоместокот е дополнителна давачка – надоместокот е во рамките на регулираниот приход. Во јануариските сметки кои ќе ги добијат граѓаните во февруари, ќе го нема тој надоместок од 200 денари, за да се тргнат сомнежите дека е екстра давачка и дека ќе претставува профит“, објаснува Бислимоски.

Тој рече дека ова се прави за да ги убедат сите дека надоместокот нема да биде екстра профит за било која компанија, дека треба да се промовира доверба.

„Компанијата ЕВН постапила согласно одлуката на Регулаторна бидејќи има период на отчитување во декември и има во јануари. Од 15 декември до 31 декември се едни цени и од 1 јануари до 15 јануари се други цени. Граѓаните треба да си го искористат намалувањето на првиот блок. Од тие причини, фактурите се според нашите одлуки. За да не се шират фами дека има екстра профит за некого, ќе го нема надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари. Тие сметки ќе ги добијат граѓаните во февруари“, додава тој.

24.01.2024 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега