Киноверзум започна со работа во Велес
Со филмот „Аватар: Патот на водата“ синоќа во преполната сала „Бели Мугри“ во Велес почна со работа киното „Kиноверзум 3Д“ од Свети Николе.
Филмот репризно ќе биде прикажан и вечер, во 21 часот, и в сабота и недела од 18 часот. Вечерва за најмладата публика од 17 часот ќе биде прикажан детскиот филм „Неверојатниот Морис“.
„Киноверзум ЗД“ Велес на својата страница го има објавено и репортоарот за една недела.
Поранешното Градско кино „11 Октомври“ во Велес беше затворено во август 2005 година и сега по 17,5 години велешани повторно добија кино. Секој четврток ќе имаат премиера со најновите светски филмски хитови.
Новото Градско кино во Велес со најсовремена дигитална опрема, според највисоки светски стандарди, со инвестиција на Општина Велес од 76.430 евра, сместено во салата „Бели Мугри“ на локалната библиотека беше отворено на 11 октомври 2020 година.Тогаш истата вечер премиерно беше прикажан домашниот филм „Стела“ со две проекции, по што киното беше затворено две години и 3 месеци.
По бројните барања и реакции на велешките љубители на кино тоа да биде ставено во функција, локалната власт одлучи киното да го издаде на управување преку јавен повик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа