Кинеската ракета паѓа кон Земјата: Во ризична зона е и нашата соседна земја

Дел од големата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, долга 30 метри и тешка околу 22 тона, што ја лансираше Кина за својата вселенска станица Тијанх, неконтролирано се враќа назад кон Земјата. Очекувањата се дека таа ќе влезе во земјината атмосфера помеѓу 8 и 10 мај, но поради брзината со која се движи не може точно да се одреди каде би паднала.

Европската вселенска агенција, пак, предвиде „ризична зона“ каде би можела да падне и таа ја опфаќа површината на платената Земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. Оваа површина од планетата земја ги вклучува цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и Австралија, делови од Азија – јужно од Јапонија, како и делови од Европа – Шпанија, Португалија, Италија и Грција.

Астрофизичарот од Унивезритетот Харвард, Џонатан Мекдауел вели дека ризикот е мал и дека најверојатниот исход е ракетата да падне во Тихиот Океан, бидејќи тој покрива најголем процент од површината.

„Ризикот дека ќе има некоја штета или дека ќе погоди некого, е мал, но не е занемарлив. Би можело да се случи, но ризикот дека ќе погоди човек е навистина мал. Така што, јас не би губел ниту една секунда сон поради загриженост“, изјавил за Си-ен-ен Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Универзитетот Харвард.

Случајот со кинеската ракета е прв од 1990 година во кој некој вселенски објект потежок од 10 тони неконтролирано паѓа кон Земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега