Кина на 8-ми јануари го укинува задолжителниот карантин при влез во земјата

 

 

Од 8-ми јануари Кина ќе го укине задолжителниот карантин за коронавирус при влез во земјата, соопштија денеска здравствените власти.

Оваа мерка беше објавена откако на почетокот на декември во Кина беа укинати поголемиот дел од анти-ковид мерките кои важеа од 2020 година.

Почнувајќи од следниот месец, само негативен тест за ковид, не постар од 48 часа, ќе биде потребен за влез на територијата на Кина, соопшти Здравствената комисија, која делува како министерство.

Кина е единствената голема економија која продолжи да воведува карантини при доаѓањето на нејзина територија, што особено влијаеше на туризмот, иако во последните месеци беше намалено времетраењето на карантините.

Во моментов, карантинот е задолжителен пет дена во хотел, а потоа три дена набљудување дома.

Здравствената комисија соопшти дека Ковид-19 повеќе не го смета за „пневмонија“ туку за помалку опасна „заразна“ болест.

26.12.2022 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега