Кина: Maж и неговата девојка ги фрлиле двете деца од прозорец
Кина во средата егзекутира татко и неговата девојка затоа што ги фрлиле неговите две мали деца од прозорец на стан, во случај што предизвика бес низ целата земја.
Џанг Бо и Џе Ченгчен претходно беа прогласени за одговорни за фаталниот пад на двегодишно девојче и едногодишно момче од 15-ти кат на станбена зграда во Чунгкинг.
Џанг, кој бил татко на две деца, започнал афера со Џе, која првично не знаела дека е оженет и дека има деца.
После тоа, таа го принудила таткото да ги убие своите деца, кои ги сметала за „пречка“ за нивниот брак и товар за нивниот иден заеднички живот, соопшти судот.
Во ноември 2020 година, Џанг ги фрли своите деца низ прозорецот од станот додека мајката не беше присутна. Во меѓувреме, двајцата се договориле за развод.
И двајцата беа прогласени за виновни за заговор „да ги убијат неговата ќерка и помалиот син со инсценирање на несреќен пад од 15-ти кат на станбена зграда“, објави тогаш државниот „Чајна дејли“.
Двојката беше осудена на смрт во декември 2021 година и погубена во средата, соопшти судот.
Бруталното убиство на децата предизвика негодување низ целата земја поради ладнокрвноста на сторителите и возраста на жртвите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа