Кина има најмногу војници, Русија најмногу тенкови, но кој има најголема сајбер моќ?
Кина има најмногу војници, Русија најмногу тенкови, а САД најмодерни сателити. Но кој е најмоќен во сајбер светот?
Повторно одговорот на ова прашање е САД.
Буџетот на оваа земја за сајбер безбедност за фискална 2020 година изнесува над 17 милијарди долари, а Националната безбедносна агенција (Ен-Ес-Еј) добива над 10 милијарди долари.
Новиот национален индекс за сајбер моќ, Белфер центарот на универтот Харвард рангира 30 земји според нивното ниво на амбација и способност, пренесува Економист.
Офанзивна сајбер моќ – способност за нанесување штета во интернет мрежите или преку нив е едно од мерилата.
Но, исто така, се мери и силата на одбрана на земјата, софистицираноста на нејзината индустрија, сајбербезбедноста и нејзината способност за ширење и спротивставување на пропаганда.
Неверојаните размери на американската дигитална шпионажа во 2013 ги соголи Едвард Сноуден, поранешен вработен во Ен-Ес-Еј, покажувајќи оти агенцијата прислушувала поголем дел од светскиот интернет сообраќај и се обидувала да ги ослаби стандардите на шифрирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа