Кичево: Полицаец прегазен додека регулирал сообраќај - со тешки повреди итно префрлен во болница

 

Прегазил полицаец кој го регулирал сообраќајот

На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот. Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

16.02.2024 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега