Касами: Владината коалиција е отворена за нови партнери од Европскиот фронт
Претседателот на Движење Беса Биљал Касами одговорајќи на новинарски прашања денес во Тетово ја истакна можноста владината коалиција да се зголеми со нови партнери кои би дошле од Европскиот фронт.
Ова е дел од одговорот на Касами на прашањето дали функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ќе припадне на коалицијата „Вреди“ или е можна некој политичка комбинаторика со оглед на најавите во јавноста за приклучување во Владата на нови партии од опозицијата.
- Значи ние сме кажале и порано и повторуваме дека коалицијата е отворена, владината коалиција отворена, за проширување, за пристап на нови пратеници. Сме во преговори со неколку такви пратеници, односно политички партии кои се дел од Европскиот фронт и многу брзо тоа ќе се случи. Во делот на тоа место и на неколку други испразнети места значи се да кажам резервирани за вакви припојувања кон владината коалиција, рече Касами.
Претходно како градоначалник на Тетово, Касами одржи прес-конференција, на која претстави Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош (ваучери) за социјално загрозени лица за 2025 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа