Касами бара банкнотите да бидат на албански јазик

 

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците на македонски јазик, Африм Гаши денеска ги испраќа и на албански јазик до сите пратеници. Двојазична комуникација не постоеше во времето на Талат Џафери а сега има во времето на Африм Гаши“, истакна Биљал Касами во гостувањето на ТВ21.

„Има неколку други закони кои подразбираат измените во законите да бидат во склад со законот за употреба на јазиците, кажа Касами На прашањето кои закони треба да се менуваат Касми одговори дека тоа е Законот за централната банка

„Врз основа на Законот за централна банка. Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици, а ја унапреди употребата на албанскиот јазик… Тогаш еден од Законите што мора да се смени е Законот за централна банка, кој предвидува дека и банкнотите на оваа земја ќе да бидат на албански јазик“, рече Касами.

09.10.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега