Капа доле: Кочанчанец го продава својот инвалиден скутер - парите ќе одат за лекување за Леонид

 

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев и покрај својот здравствен проблем реши да го продаде инвалидниот скутер, а парите од него да одат за лекување за младиот Леонид кој неколку недели веќе е во Виена, но државата не одобрува пари за третманите.

Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук, Ѓоргиев вели дека скутерот во Македонија чини околу 75.000 денари, но тој е спремен да му го даде на оној кој на сметката за лекување на Леонид Индов ќе стави 30.000 денари.

Скутерот го добил поклон од свој пријател од Белгија.

-Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, на него или на некој поблизок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка, бидејќи можам и со рацете. Фала му на Бога можам и со рацете да се туркам, а количката нека оди, вели Ѓоргиев.

 

26.02.2024 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега