Канани: Младите се разочаруваат од лидерите и си заминуваат
Дармендра Канани, директор на стратешки политики во Тинк-Тенк, пријатели на Европа, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека младите не им веруваат на лидерите и затоа си заминуваат.
„Имаме еден сплет од разочарување од ЕУ, зашто ве тераат да танцувате, не ве пуштаат да влезете и ви даваат празни ветувања, а населението вели дека оние што владеат нема да бидат чесни, туку корумпирани“, вели Канани.
Тој додава дека овде имаме една динамика која може да биде многу штетна на Балканот.
„Мислам дека не ја гледаме на целиот Балкан, но знам дека истражувањата во најголем дел од државите на Балканот укажуваат дека младите не им веруваат на лидерите. Тие млади луѓе си заминуваат. Мислам дека Европа треба да има различен пристап кон Балканот, треба да престане да ги тера државите да прескокнуваат пречки и да го гледаат Западен Балкан како еден блок. Ако го направат тоа сметам дека ќе добиеме поинаков исход“, порача Канани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа