Канал 5: 30-дневен притвор за велешанецот кој прегази девојче и избега
Определен е триесетдневен притвор за 29-годишникот од Велес кој во саботата прегази и усмрти на самото место 11годишно девојче, пренесува Канал 5.
Возачот беше приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него е поднесена соодветна пријава. Според адвокатката Ружица Николовска во кривичниот законик има и член кој предвидува и плус казнивно дело, поради бегање од местото на несреќата, кој ја предизвикал возачот.
Несреќата се случи во саботата околу 22 часот во Велес. Семејството поминувало на пешачки премин кога 29 годишниот возач со своето возило удрило во мајката и 11 годишното девојче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа