Кадриевски незадоволен од третманот тука, сака да го продолжи лекувањето во Софија

 

Копретседателот на Здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриевски бара да се пресели во Бугарија. Тој пред неколку дена бил нападнат, а за бугарските медиуми кажа дека нападот бил поради тоа што тој бил Бугарин.

Денеска во изјава за националната телевизија БНТ изјави дека сака да оди во Софија на лекување, бидејќи се сомнева дека во Македонија ќе ја добие потребната помош.

Според неговите тврдења, во болницата не му биле направени никакви испитувања, туку само му препишувале лекови. Лекарите, како што тврди, не биле особено трогнати од неговите повици за помош.

– Рекоа: кога ќе дојде редот, можеш да се сликаш“, вели Кадриески, кој се пожали на стомачни болки и главоболки.

Претходно, во изјава за бугарска „Нова“ вели дека не можел повеќе да живее тука и сака да се пресели во Бугарија.

-Добив закани дека ќе ме убијат. Ова е нормално тука. А вчера додека ме тепаше, ми рече: Ако се јавиш во полиција, ќе те убијам, ќе ти го убијам и семејството, вели Кадриески за бугарска „Нова“.

Кадриески инаку е државјанин на Македонија, а нема бугарски пасош кој може да го извади само ако има документи за бугарско потекло и потпише дека се чувствува како Бугарин. Првото го нема, но второто дека има бугарска самосвест се чини е доволно за властите во Бугарија да кажат дека инцидентот е извршен поради говор на омраза, слично како во случајот со Христијан Пендиков.

За Кадриески не се очекува претседателот Румен Радев да испрати службен авион, како што тоа го направи за Пендиков кој сепак имаше многу посериозни повреди кои ги излекува во Софија. А, поради стравот од луѓето во својата родна земја, Пендиков доби бугарски пасош со државни почести, платено лекување и стан во Софија.

 

15.06.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега