Каде најчесто партнерите изневеруваат?

Приватен детектив дојде до прилично интересни податоци, кога станува збор за неверството.

Кога гледаме филмови и серии, забележуваме дека неверството се случува на неопасни места, односно локации во кои сцените секогаш се преполни со страст и адреналин. Поточно, неверството најчесто го гледаме во хотелски соби. Но, реалноста е поинаква.

 

Верувале или не, местата во кои луѓето вршат прељуба воопшто не се романтични ниту секси.

Лука Атенс води приватна детективска агенција специјализирана за следење прељубници. Вели дека во неговата 21-годишна кариера сè уште го фасцинираат местата кои прељубниците ги бираат за секс.

Издвои кои се најчестите локации на кои луѓето изневеруваат, а кои ниту малку немаат секси атмосфера.

Грмушки

„Знам дека звучи како бизарно сценарио за порно филм, но тоа навистина се случува. Неодамна следевме еден господин кој секое утро трчаше и по неколку километри ќе се сретнеше со една жена, со која потоа заедно продолжуваше да трча. По кратко време, двајцата запираа на место со многу дрвја и грмушки, остануваа по 20 минути и потоа се враќаа назад со трчање. По поставување на неколку скриени камери во грмушките, имавме цврсти докази со кои ги потврдивме нашите сомнежи“, раскажува Лука.

Паркинг

Вели дека паркинзите се едно од омилените места за изневерување. Така, при еден случај фатиле прељубници на дело во текот на летото, кога температурите биле над 40 степени.

Јавни тоалети

Овие места даваат прилично високо ниво на приватност, но ваквите случаи се тешки за докажување, бидејќи никој не се сомнева кога некој подолго време ќе се задржи во тоалет.

Кино

Затемнетиот простор во кој сите присутни се фокусирани на тоа што се случува на платното им оди во корист на прељубниците. Филмовите се и одлично алиби, а седењето во затемнета просторија дава можности што и да правите да мине незабележано.

04.01.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега