ЈЗУ Клиничка болница-Битола: Лажни се вестите за починато бебе во болницата, напротив, се роди здраво машко бебе
Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава.
– Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година, изјави Ивановска.
Како што е познато, д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист од неодамна е нова директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа