ЈСП: Студентите да го продолжат билетот доколку сакаат да користат бесплатен превоз и наредната година

 

 

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје ги потсетува студентите дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2023 година, доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година.

„Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид“, велат од претпријатието.

На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

„Единствено заверен/продолжен билет за тековната година е валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз за посочената категорија студенти, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација која служи за заверување на билетот“, соопштува ЈСП.

28.12.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега