Јовески избегна соочување со Грковска, ама ѝ порача: „Твојата функција е тотално непотребна“
Државниот обвинител Љубомир Јовевски и денеска избегна јавна дебата со вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Иако го потврди учеството на организираната дебата за антикорупција, во последен момент не се појави, пренесува Алсат ТВ.
Јовевски во писмена реакција на вицепремиерката ѝ порача дека функцијата што ја има е непотребна. Тоа беше одговор на критиките на Грковска за неговаат неефикасност на чело на Обвинителството. Таа рече дека при откривањето на слабостите на системот ќе треба да се интервенира не само во правилниците и подзаконските акти, туку во одредени случаи и во самите закони, за во иднина да немаме „резултати“ како што беше со изборот на шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази.
И првата Антикорупционерка, Билјана Ивановска, со остри критики за обвинителот Љубомир Јовевски. Таа рече дека поради незадоволителни резултати, државниот обвинител не заслужува да биде унапреден во функцијата уставен судија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа