ЈО со детали за крадецот кој ограби казино: Изгубил пари коцкајќи се, а кога се вратил на вработените им се заканил со автоматска пушка

 

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари.

Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот​.

04.04.2023 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега