ЈО: Јавен обвинител изврши увид во Арачиново - ќе се прибираат видео снимки
Јавен обвинител извршил увид на настанот во Арачиново, каде во престрелка повредени завршија две лица, соопштија надлежните служби. Според официјалните информации, издадени се наредби за прибирање на траги, а следува и наредба за прибирање на видео снимки од околните објекти за случајот.
„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења.
Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, соопштија од ОЈО Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа