Јапонија и Холандија ќе и помогнат на Газа со милиони евра

 

Јапонија ќе обезбеди 10 милиони американски долари хуманитарна помош за цивилите во Газа, изјави денеска јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава, а холандската влада вети и 10 милиони евра помош.

Јапонија во моментов претседава со групата развиени земји Г7 и Камикава рече дека ја следи ситуацијата во Газа „со загриженост“, додавајќи дека Јапонија очекува смирување на состојбата што е можно поскоро.

Камикава рече и дека е при крај со подготовките за разговори со нејзиниот ирански колега. Холандската влада во вторникот вети 10 милиони евра нова хуманитарна помош за Газа, велејќи дека е длабоко загрижена поради брзото влошување на ситуацијата со луѓето таму.

Таа додаде дека парите се испраќаат по барање на ОН и дека ќе бидат наменети за основни човечки потреби како вода и здравствена заштита. Таа повтори дека Израел има право да се брани по нападите на Хамас, но и дека одговорот треба да биде „пропорционален“ и во рамките на меѓународните правила за војна.

„Цивилите и хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел на насилство и хуманитарната помош треба да има неограничен пристап“, рече холандската министерка за надворешна трговија и развој Лиесје Шрајнемахер во писмото до парламентот.

Шпанија ќе ја зголеми и хуманитарната помош за Појасот Газа со пакет вреден милион евра и е подготвена да испрати уште, изјави на прес-конференција шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

17.10.2023 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега