Јанош Бока во Скопје ќе не учи „Како да ја направиме Европа повторно велика?“

 

Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока денеска ќе одржи отворено предавање на Универзитетот Скопје.

Како што се наведува во најавата, министерот Бока ќе биде дел од отворената дискусија со студенти од Универзитетот, на која ќе бидат присутни и заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, поранешниот вицепремиер за европски прашања, проф.д-р Васко Наумовски, и амбасадорот Марјан Ѓорчев.

Поздравно обраќање ќе има ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски. 

Од Унгарската амбасада во Скопје, наведуваат дека дебатата насловена „Како да ја направиме Европа повторно велика?“ ќе се одржи во Амфитеатарот на универзитетот. 

10.04.2025 - 08:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега