Јаневска: Грешките во учебниците се поради тоа што ниту еден од тие кои имале одговорност не ги отвориле

 

Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот, вели дека суштинските грешки во содржината на учебникот по Историја и општество се направени бидејќи очигледно е дека никој од одговорните не го отворил и не ја проверил неговата содржина.

Јаневска потенцираше дека не е само учебникот за петто одделение, туку грешки во содржината има и во учебниците за трето и осмо одделениЕ, укажувајќи дека ова покажува дека целиот образовен систем е комплетно срушен, а најстрашно е што никој не чувствува одговорност.

Јаневска смета дека државата троши средства за печатење на учебниците, а од друга страна нивната содржина за жал како што рече е полна со глупости, бидејќи да пишува дека Монт Еверест е на висина од 29.000 метри, или дека Албанија е на исток од Македонија е глупост.

 

Ние печатиме учебници на пет јазици и тоа се огромни средства кои државата ги троши, за децава наши нешто да научат, а нашите деца учат жал ми е што морам да кажам, но глупости. Да кажеш дека Монт Еверест е 29.000 метри висок е глупост, да кажеш дека Албанија е на исток е глупост, смета таа.

20.12.2022 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега