Јанева со семејството се најде на црната листа на САД поради корупција
Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и кандидат за престедател и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка.
Јанева, со нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, била вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. „Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност“, стои во соопштението.
Покрај Јанева забрна за влез во САД доби и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа