Јадранка Дабовиќ-Атанасовска почна со работа во Уставниот суд

Новоизбраната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Атанасовска денеска почна со работни обврски во Уставниот суд.

– Судијката Дабовиќ-Атанасовска беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Доби работни материјали и се запозна со останатите судии и вработените во службата на Уставниот суд, соопшти Уставниот суд.

Мандатот на Дабовиќ-Атанасовска во Уставниот суд е девет години, согласно Уставот.

13.12.2023 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега