Ја претепал мајка си, а му се заканувал и на братот

 

Вчера, околу 17.15 часот, во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П. М.

Tој бил пријавен од својот 59-годишен брат дека физички ја нападнал 82-годишната мајка и дека на двајцата им се заканувал.

Полицијата соопшти дека е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

25.01.2024 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега