Израел го разгледува „парискиот“ нацрт план за прекин на огнот
Лондонски „Гардијан“ известува дека членови на израелскиот воен кабинет го разгледуваат „парискиот“ нацрт план за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.
Овој нацрт план го подготвија претставници на Египет, Катар, САД и Израел на преговорите во Париз, но членовите на палестинската милитантна група Хамас, која држи заложници во појасот Газа, не учествуваше на средбата.
Но, како што наведува „Гардијан“ пречка за постигнување на договорот е времетраењето на прекинот на огнот, бидејќи Израел инсистира тоа да е привремено а членовите на Хамас бараат траен прекин.
Од Кабинетот на израелскиот претседател соопштија дека наводите за големи отстапки од страна на Израел се невистинити.
„Позицијата на премиерот е конзистентна – војната ќе заврши само кога ќе се постигнат сите цели, израелската армија нема да се повлече од појасот Газа, а нема да бидат ослободени ниту илјадниците терористи“, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа