Израел до своите граѓани: Веднаш да ја напуштите Турција

 

Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, наведувајќи ги стравувањата дека израелските патници би можеле бидат цел на оние кои се гневни поради тековната војна меѓу Израел и Газа.

Тие додадоа дека нивото на опасност за Турција е подигнато на 4 и затоа ги повикаа сите Израелци што поскоро да ја напуштат Турција, пишува The Times of Israel.

За Мароко нивото на опасност е зголемено на 2, а израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни.

Во Египет, полицаец пред десет дена уби двајца израелски туристи и нивниот водич. Тоа беше прв таков напад врз Израелци во Египет во последните децении.

Инаку, во целиот свет се зголемува бројот на антисемитски напади по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Конфликтот, кој прерасна во војна, почна со напад на милитантите на Хамас. За време на нападот оваа терористичка организација уби и киднапира цивили и ги однесе во Газа, а подоцна се закани дека ќе ги погуби заложниците. Израелците одговорија со контранапад.

17.10.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега