Измените на Кривичниот законик го спасија Груевски од уште 9 години затвор - застарува ТНТ

И одбраната на обвинетите и застапникот на обвинението на денешната јавна седница на Апелациониот суд побараа судот да прогласи апсолутна застареност на ТНТ за уривањето на станбено-деловниот комплекст Космос на Фијат Цановски во Општина Гази Баба.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов по јавната седница изјави дека побарале согласно измените на Кривичниот законик од септември годинава судот да утврди дека настапила апсолутна застареност на кривичното гонење во однос на сите обвинети.

 Истото го побара и застапникот на обвиненеието во неговото произнесување, кој повика судот по службена должност да го примени поблагиот закон и да донесе одбивателна пресуда – изјави адвокатот Миланов пред судот.

Бизнисменот Фиат Цаноски вчера обвини дека судијата Ѓоко Ристов од Апелација со злоупотреби го одолговлекува случајот за да застари, за да не може да си ја наплати штетата од 11 милиони евра за уривањето на комплексот Космос во 2011 година.

Судијата Ристов на денешната јавна седница за случајот рече дека чекале 2,5 месеци да им вратат комплетен исправен предмет од Кривичниот суд. Додека им ги вратиле исправките, на сила стапија измените на Кривичниот законик со кои случајот може да застари.

Со застарувањето на овој случај, екс премиерот Груевски се спасува од 9 години затвор а екс министерот Јанакиески од 3 години.

 

06.11.2023 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега