Излезе од контрола пожарот во Националниот парк „Преспа"

Вон контрола се уште е пожарот на Сува планина во националниот парт „Преспа" во општина Пустец.

- Продолжува со висок интензитет пожарот кај Пустец  поради ширење на пламените јазици во повеќе правци. Тие  се проширија толку многу што излегоа од контрола и се во опасност да се приближат до граничниот премин „Горица" и до селото Горна Горица, јавија албанските медиуми.

Опожарената површина надминува 150 хектари вегетација. Ветерот го шири пожарот и во правец кон Поградец долж Сува Планина.

- Локалните структури од Пустец, Корча и други околни општини, армиски и полициски сили без прекин работат на изолирање на огништето на пожарот, но поради тешко пристапниот терен тоа е тешко. Најавена е интервенција со два хеликоптери, бидејќи тоа е единствена алтернатива, додаваат медиумите.

Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата. Вчера  идентификувани биле 47 пожари, а од нив 36 се изгаснати или ставени под контрола,  додека 11 со големи размери сеуште се активни.

12.08.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега