Изгласан новиот состав на антикорупциската комисија

Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата избрана е Татјана Димитровска, а во новиот состав членуваат: Цвета Ристовска, Софија Спасова-Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова-Шулев и Зоран Богоевски.

Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари.

За претседател и членови на ДКСК беа пријавени 41 кандидат, кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од комисијата за избор.

22.12.2023 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега