Издавачка куќа од Албанија ја тужи Општина Тетово за авторски права, општината најави тужба за клевета

 

 

Бујар Худхри, сопственикот на издавачката куќа „Онуфри“ од Албанија денеска пред Основен суд Тетово во изјава за медиумите на албански јазик информираше дека поднел тужба до Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами за прекршени авторски права.

 Според информациите на медиумите, Худри видел на социјалните мрежи објава од Касами како подарува книги од писателот Исмаил Кадаре, за што тврди дека сам тој ги има авторските права за печатење. Худхри во изјавата тврди дека Општината купила книги од издавачка куќа која нема права за објавување на книгите на Исмаил Кадаре.

Општина Тетово на својот Фејбук профил информираше дека како институција, како и градоначалникот Билал Касами, немаат купено никакви лектира, ниту, пак, сториле какво било кршење на авторските права, како што се тврди од издавачката куќа „Онуфри“.

-Лектирите се купени од општинските средни училишта, кои со сопствени средства ја реализирале оваа набавка од издавачката куќа „Чабеј“. Општина Тетово, исто така, ја информира јавноста дека издавачката куќа која ги снабдила училиштата со лектирите, понудила најниска цена и Општината нема никакво влијание или вмешаност во оваа постапка. Училиштата се снабдени со овие лектири преку буџетска ставка предвидена за училишен материјал, се вели во информацијата на Општина Тетово.

Во однос на авторските права, Општината Тетово смета дека не сносат никаква одговорност, а доколку постои некаква одговорност, истата, според нив, треба да ја сноси издавачката куќа која го извршила снабдувањето.

-Следната клевета продолжува, каде што г. Худхри тврди дека градоначалникот Касами продавал книги. Не е продадена ниту една книга. Градоначалникот само ги посетил средните училишта за да се информира како се одвива процесот на снабдување на библиотеките со лектирите, соопшти општина Тетово.

Во соопштението се вели дека доколку Бујар Худхри не упати јавно извинување, ќе поднесат тужба за клевета.

26.05.2025 - 18:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега