Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници
Службата за Итна медицинска помош ги објави своите препораки до граѓаните по повод претстојните прослави на Новогодишните празници.
Од таму препорачуваат, редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост.
Умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, е уште една од препораките.
Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не конзумираат алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа