Истоварени остатоците од подморницата што се распадна на патот кон Титаник
Делови од подморницата Титан, која експлодираше на дното на Атлантикот кога се упати кон потонатиот брод Титаник, се извлечени на брегот.
Огромни парчиња метал утрово беа истоварени од Хоризонт Арктикот кај канадската крајбрежна стража во Сент Џонс, Њуфаундленд, Канада.
„Тие брзо беа покриени со големи церади пред кранови да ги подигнат на камиони кои ги однесоа на евалуација“, пишува Дејли Мејл.
Американските и канадските власти ја бараа, но беше утврдено дека дошло до катастрофална експлозија кога биле пронајдени делови од подморницата. Телата на петте повредени патници не се пронајдени.
Пет членови на екипажот на Титан, кој исчезна во неделата, трагично ги загубија животите, а врз основа на пронајдените остатоци од подморницата, експертите заклучуваат дека несреќата е предизвикана од имплозија.
Контраадмиралот Џон Маугер на прес-конференција рече дека е премногу рано да се каже кога се случила експлозијата. Имплозија е процес со кој подморницата се дроби однадвор од хидрауличниот притисок на водата што ја опкружува. Се претпоставува дека катастрофата се случила уште пред да се започне спасувачката операција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа