Исплатена поддршката за млекопроизводителите, сточарите, индивидуалните земјоделци

 

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализира исплата на финансиска поддршка по основ на повеќе мерки.

Речиси 4.600 млекопроизодители на своите сметки ја добија премијата за произведено и предадено млеко во период октомври – декември 2021 година. Корисници на оваа поддршка се производителите на кравјо, овчо и козјо млеко, кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко – запишан во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

„6.235 сточари што го зголемиле своето основно стадо и пчелни семејства добиваат финансиска поддршка од 24,5 милиони денари. Дополнителната поддршка изнесува 30 % од утврдената поддршка за основното стадо. Регистрираните земјоделци во согласност со Законот за вршење на земјоделската дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување се исплатени со 56,4 милиони денари како дополнителна субвенција од 20 % од висината на основните субвенции за 1.937 индивидуални земјоделци“, соопшти Агенцијата.

Извршена е и исплата кон речиси 2.000 производители на стратешки житни култури во висина од 46,3 милиони денари. Поддршката се однесува на набавка на вештачко ѓубриво за прихрана на земјоделските површини за есенската сеидба.

„Со овие исплати, висината на поддршката за земјоделците преку Програмата за земјоделство – директни плаќања и програмата за интервентен фонд реализирана е финансиска поддршка од 116 милиони евра наменета за земјоделците. Заедно со реализација на програмите за рурален развој и Ипард програмата, поддршката за македонскиот аграр обезбеден преку АФПЗРР изнесува 140 милиони евра. Во време на најголемата воена, економска и енергетска криза успеавме да останеме достоен партнер на македонските земјоделци и чинители од земјоделскиот сектор“, посочува директорот Никица Бачовски.

30.12.2022 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега