Исчезнат е 35-годишeн маж од Куманово
Триесет и петгодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера од 10 часот се води како исчезнат. Случајот е пријавен и во полицијата.
Од СВР Куманово денеска информираат дека вчера во 22:00 часот во СВР Куманово, С.С. (21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С. (35) од Куманово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Семејството денеска апелираше до граѓаните доколку имаат каква било информација да пријават во полициската станица или на контакт телефон 071 329 068. Според нив последен пат лицето било забележано во кумановското село Доброшане.
Од семејството нагласуваат дека лицето е глувонемо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа