Исчезнаа шест лица од Непал, биле вработени во Пехчево и Свети Николе

Вчера во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. 

Претходно во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

17.07.2024 - 16:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега