Исчезна лице од Бангладеш, бил вработен на автопатот Охрид-Кичево
На 15.02.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека Н.У.(33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.
Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
16.02.2024 - 16:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа