ИРИ: Огромен дел од македонските граѓани го поддржуваат „Отворен Балкан“
Огромен дел од македонските граѓаните ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, покажува последната анкета која ја спроведе ИРИ.
Според податоците, 51% целосно го поддржуваат „Отворен Балкан“, а 31% дале делумна поддршка, ако овие два податока се соберат тогаш може да се заклучи дека 82% од македонските граѓани ѝ дале поддршка на оваа регионална иницијатива за доближување на Скопје, Белград и Тирана.
Со ова се забележува голем пораст на поддршката на иницијативата во Македонија. Ако податоците се споредат со една година претходно може да се забележи на граѓаните им се допаѓа иницијативата меѓу Македонија, Србија и Албанија.
Лани во ноември целосна поддршка дале 39%, а делумна 36%. Се забележува и намалување на бројот на граѓани кои воопшто не го поддржуваат „Отворен Балкан“.
Инаку, во прилог доаѓаат и податоците кои денеска ги обелодени гувернерката на Народната банка, Анита Бежоска. Таа во интервју за „Вечерње новости“ рече дека трговската размена меѓу Србија и Македонија се зголемила за 20 отсто како резултат на „Отворен Балкан“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа