Инспекторите влегоа во М-НАВ - ќе го тресат и утре

Тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска влегоа во М-НАВ и почнаа со инспекцискиот надзор. Инспекторите со надзорот ќе продолжат и утре, бидејќи станува збор за голема и обемна документација, вели директорката на ДИТ, Весна Томовска.

Томовска рече дека ќе ја разгледуваат документацијата околу вработувањата, како и тоа дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.

-Во делот на вработувањето, дали се реализирани согласно Закон, огласот исто дали е согласно со Закон. Значи во моментов тие две работи ќе се проверуваат, ќе се проверуваат последните вработувања, потоа дали синдикатот има најава за штрајк и дали тоа се е во согласно со законот, вели Томовска.

Таа додаде дека најверојатно почетни информации за еден ваков надзор ќе има за повеќе од една недела, бидејќи инспекторите мора да ја разгледаат обемната документација, а потоа ќе разговораат и со синдикалниот лидер. 

- Значи мора да ја разгледаме целокупната документација, вели Томовска.

Инспекторите на ДИТ во М-НАВ влегоа по настаните во оваа институција. 

11.01.2024 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега