Инспекторите тропнаа на вратите на угостителските објекти: Фрчеа казни од над 9 милиони денари

 

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите.

Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи.

Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според

● Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози
● Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози
● Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози
● Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози
● Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

05.02.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега