Инцидент во Шпанија: Нападната српската амбасадорка


Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, вчера била нападната од маж во центарот на Мадрид, на улицата каде што живее. Шарац се здобила со повреди на грбот, а сведоците на настанот изјавиле дека напаѓачот, според неговиот говор, веројатно е лице со албанско потекло.

Инцидентот предизвика брза реакција од страна на српските власти. Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, веднаш објави дека амбасадорката Шарац била жртва на физички напад во шпанската престолнина.

„Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја,“ изјави Ѓуриќ, шефот на српската дипломатија.

Овој инцидент дополнително ги влоши веќе нестабилните односи меѓу Србија и Косово, кои и понатаму остануваат полни со тензии и недоразбирања. Се очекува шпанските власти да спроведат целосна истрага за да утврдат детали за нападот и да преземат соодветни мерки против сторителот.

09.09.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега