Инцидент на градскиот плоштад во Крива Паланка: Тинејџер се заканувал на сограѓани и претепал полицаец

 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.П.(19) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 29.08.2024 на Градскиот плоштад во Крива Паланка, за време на одржување на културна манифестација, пријавениот се заканувал на две лица, а при интервенција на полицијата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија Откако бил приведен во Полициската станица Крива Паланка, тој физички нападнал и друг полициски службеник .

05.09.2024 - 17:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега