Илон Маск не е повеќе најбогатиот човек на планетата
Според последната објава на „Форбс“ Илион Маск не е најбогатиот човек на планетата.
Францускиот милијардер Бернард Арно го надмина Илон Маск на листата на најбогати луѓе во светот. Арно е шеф на конгломератот на луксузниот бренд LVMH и тежи околу 207,8 милијарди.
Покрај тоа, LVMH во своја сопственост ја има и Тифани која ја купи за речиси 16 милијарди долари.
Компанијата на Маск Тесла падна за 13 отсто па со тоа и вредноста на Маск се намали на 204,5 милијарди.
29.01.2024 - 15:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа