Илиеска: Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала
Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска преку статус на Фејсбук пишува дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.
-Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.
Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ.
Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР).
Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот Јануари-Април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%.
НО,
Индексот на РЕАЛНАТА плата за периодот Јануари-Април 2023 во споредба со Јануари-Април 2022 година е 98,3%.
Препорака:
Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци,тогаш прашајте ги граѓаните.
Еднаш слушнете го народот што кажува, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа