ИЈЗ: Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени во државава

 

Од 5 до 11 јули евидентирани се 48 нови случаи на голема кашлица што е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, осум се хоспитализирани. Заклучно со 11 јули, во државава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје - 30, осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два случаи во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај од Прилеп.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.

- Во однос на вакциналниот статус на заболените, 33 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, деветмина се комплетно вакцинирани и шестмина се вакцинирани согласно возраст, појаснуваат од ИЈЗ.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 417 лица се од машки, а 488 од женски пол.

Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територија на Скопје, Куманово и Тетово.

Од 18 јануари до 11 јули, дадени се вкупно 58.964 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

15.07.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега