И во Гостивар мерки поради загадениот воздух
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот и во Гостивар стапуват на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички.
-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мерното место во Гостивар, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.
Оттаму посочуваат дека пради проблеми со мрежните системи на Министерството и инсталација на нова серверска опрема не им се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
–Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од Министерството.
Вчера Владата соопшти дека овие препораки стапуваат на сила во Скопје, Кичево, Струмица и Кацадарци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа