И по тричасовна средба - не падна договор за зголемување на минималната плата
И по тричасовна средба меѓу сојузот на синдикатите, Владата и работодавачите не успеа да падне договор за зголемување на минималната плата, бидејќи работодавачите напоменаа нови предлози.
Трите страни во економско-социјалниот дијалог се согласуваат дека е потребно зголемување на минималната плата, но колкаво никој за сега не открива.
Синдикалците се револтирани затоа што работодавачите во „пет до 12“ излегле со барање да се смени методологијата за пресметка на минималната плaта.
Работодавачите одбија да го кажат износот, тврдejќи дека за висината на минималната плата немаат сопствени пресметки, туку ја чекаат владата да направи пресметка врз основа на нивните предлози. Но, од синдикатите веднаш ја направија пресметката, а тоа е износ од 16.242 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа