И Ковачевски е разочаран од одлуката за Мијалков: Затоа имаме само 8% доверба во судството

 

И премиерот Ковачевски е разочаран од одлуката на Судот за ослободување на Мијалков но како што рече, не може да се меша во судските одлуки.

Разочарување во однос на овој судски случај кој кажува зошто граѓаните имаат ниска доверба во судството.  Како Премиер и Влада ниту сме се мешале ниту ќе се мешаме во судската власт со оглед на тоа дека судството и правосудството не се место за политичка борба.
Работа на судот е низ една транспарентна постапка да им ги објасни на граѓаните одлуките кои што ги носат и да работи на унапредување на своето работење за да ја зголеми довербата кај граѓаните и да овозможи услови сите граѓани во земјата да бидат еднакви пред Уставот.
Билатералниот скрининг со ЕУ ќе постави многу прашања и правосудните органи ќе мора да дадат таму одговори. – рече Ковачвски

Како извршна власт ќе подготвиме решенија за унапредување на законите и ќе обезбедиме доволно финансиски средства за системот да функционира, рече премиерот Ковачевски

Вчера разочарување и шокираност изразија и Претседателот Пендаровски и неколку владини министри, а посебно разочаран беше екс премиерот Заев кој праша дали следно е враќање на Груевски на бел коњ, на што екс премиерот од Будимпешта констатираше дека се уште им е ноќна мора на социјалдемократите.

18.12.2022 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега