И денеска температури до 40 степени
И денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Индексот на ултравиолетово зрачење (UV) ќе има висока вредност 10.
Утринските температура си движат меѓу 15 и 24, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот од 30 до 40 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.
16.07.2023 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа