Хотел-затвор во Јужна Кореја, гостите плаќаат 80 евра дневно за да бидат затворени

 

Наместо да одат во луксузен хотел, некои Корејци одат во „затвор“ кога се под стрес. Таков е концептот на хотелот „Inside Me“, кој се наоѓа во Хонгчеон, Јужна Кореја и изгледа како затвор.

Луѓето плаќаат по околу 80 евра дневно за да бидат лишени од слобода и затворени во затворска ќелија без никакви земски задоволства.

Гостите можат да останат 24 или 48 часа во мала соба со големина од пет квадратни метри. Во него нема место за кревет, па се спие на подот, а единствените погодности се ВЦ школка и мијалник. Двапати дневно гостите на хотелот добиваат оброк – обично каша на база на овес и ориз, а единствената активност е гледањето низ прозорецот.

Забрането е внесување на мобилни телефони, лаптопи или кој било друг електронски уред во овој затвор. Забранети се книги, како и разговори со другите „затвореници“. Главната цел е да се оддалечите од секојдневните предизвикувачи на стрес и да поминете време во тивко размислување без никакви надворешни влијанија.

Најчести гости на затворот „Инсајд ми“ се студенти и вработени од разни фирми кои секојдневно се изложени на голем стрес. Во лажниот затвор, тие велат дека се ослободуваат од тој стрес и наоѓаат привремена утеха во тишината и изолацијата.

Лажниот казнено-поправен дом го отвори адвокатот Квон Јонг-сук уште во 2013 година, а низ него досега поминале неколку илјади доброволни затвореници.

08.12.2023 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега